5 Comments
User's avatar
Elena's avatar

Здраво,

Не сум сигурна дали сеуште го читаш овој блог, само сакав да ти се заблагодарам, овие постови беа единственото нешто што ми помогна да дознаам каде има тестирања за АДХД кај нас, верувам им значи и на многу други. Јас правев тестирање во BrainArc некако ми изгледаа најкомпетентни на оваа тема. Верувам дека сите што се прашуваат дали имаат или не АДХД треба да си направат испитување (таму или на некое друго место) Во мојот слушај испадна мала веројатноста дека имам АДХД но дознав дополнителни работи за кои што не знаев а ми предизвикуваат симптоми на АДХД. (анксиозност и дополнителна невролошка болест) Ова е поради фактот дека освен прашалниците кои ги пополнуваме правев и EEG на мозокот.

Понатамошната препорака на докторката е генетски испитувања + atomoxetine(stratera) ако се одлучам за медикаменти.

Ги охрбрувам сите кои се двоумат да си направат тестирање никогаш не се знае што се крие зад тие симптоми на АДХД.

Уште еднаш големо благодарам,

Елена

Psychonaux's avatar

Одлично упатство, секоја чест. Единствено не разбирам како лимитираниот бројот на сеанси инсинуира излекување. Зарем не е препорака за индефинитивна терапија таа која би можела да сигнализира економско предаторство? Што ако бенефитите се набљудувани во такви рамки и таа е препораката?

adekate's avatar

Благодарам, драго ми е што стигнува до луѓе иако одамна нема ништо ново. Се сложувам и би рекла дека двете, и лимитирана и индефинитивна терапија, можат да бидат штетни, не се исклучуваат едно со друго. Не се сомневам дека има основ зошто е препораката таа. Ама мислам дека поентата ми била во правец на бесполезноста на терапијата. Доколку беше толку едноставно, сигурно во остатокот на светот ќе беше многу попопуларна. Немам искуство со неа за да кажам дали помага, и можеби треба да го тргнам тој коментар затоа што премногу сум пристрасна, но според мене, со оглед на тоа што АДХД е нешто што само може да се менаџира, ми нема логика да има било каков бенефит од таа терапија.

Slavica's avatar

Здраво, случајно ја видов објавата па еве да оставам коментар. Тренинзи за АДХД има Здружението за дислексија Ајнштајн Скопје. Тренингот го спроведува лиценциран тренер според методот на Рон Дејвис. www.disleksija.org.mk. Поздрав адехадеовци

adekate's avatar

Ви благодарам, ќе ажурирам во најбрзо можно време ♥